Пентагон: Проектот за пристаништето Газа е завршен, помошта наскоро ќе дојде

Пентагон соопшти дека хуманитарната помош наскоро ќе почне да доаѓа на брегот на Газа преку новото пристаниште што беше поставено на плажата и ќе почне да стигнува до оние на кои им е потребна веднаш.

Проектот за пристаништето, кој се очекува да чини 320 милиони долари, беше одобрен пред повеќе од два месеци од американскиот претседател Џо Бајден за да им помогне на гладните Палестинци, бидејќи израелските ограничувања на граничните премини и тешките борби спречуваат храна и други залихи да стигне во Газа.

Американските власти соопштија дека околу 500 тони храна ќе почнат да пристигнуваат на брегот на Газа за неколку дена и дека САД тесно координирале со Израел за тоа како да ги заштитат бродовите и персоналот што работат на плажата.

Во исто време израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека борбите во Рафа се „критични“ за Израел во неговата офанзива во Појасот Газа.

Ваквата порака тој им ја упати на израелските војници во Кампот Бнеи Нецарим во Израел откако претходно со авион го надлетуваше завојуваниот регион.

Нетанјаху ја призна и смртта на петмина израелски војници но рече дека несреќата нема да го ослаби израелскиот борбен дух

Back to top button
Close