Перез главен претендент за место во Кадилак

 Поранешниот светски шампион во Формула 1, Марио Андрети, го именува Серхио Перез за прв кандидат во тимот на Кадилак.

– Перез е нашата прва опција. Несомнено. Би сакал да ви кажам повеќе детали, но ние самите го чуваме тоа во тајност бидејќи не сакаме никому да му дадеме надеж ако тоа не се случи, изјави Андрети за „ESPN“.

Осумдесет и четиригодишниот Андрети не го кажа името на вториот возач.

Тој исто така истакна дека вториот пилот мора да биде искусен возач од расположливите кандидати, а изборот, според него, е очигледен. Андрети сугерира дека ќе имаат тројца кандидати за избор, но нема да ги именува. Тој нагласи дека не е единствениот вклучен во одлучувањето, иако влијае на процесот.

Во 2026 година, американскиот тим Кадилак, кој се спои со тимот на Андрети, ќе стане единаесеттиот тим во Формула 1 шампионатот

Back to top button
Close