Перински: Со ваков јавен превоз, многу тешко ќе го намалиме загадувањето
За четиригодишен мандат како градоначалник на Скопје, смета министерот за локална самоуправа, Златко Перински, може да се решат многу работи, но за некои се потребни и повеќе од тоа.
Ако се влезе со системско планирање, а не парцијални решенија како што досега имавме, како БРТ и тн. Значи, не зборувам парцијално да решаваме една дијагонала на градот, туку цел систем во делот на јавен превоз да го решиме, тогаш, изводливо е сѐ – коментира министерот Перински во поткаст за „Плусинфо“.
Тој нагласува дека кога е во прашање загадениот воздуг, точно се детектирани загадувачите во градот.
Зградите и урбаното дивеење на територија на град Скопје постојат и во лето и во зима. Значи точно ги имаме детектирано загадувачите во градот Скопје, точно се знае. Работата е што ќе направите за да ги отклоните. Со ваков јавен превоз, многу тешко ќе го намалиме загадувањето. Со немањето на можност да превенираме во делот на дрвото за огрев, многу тешко ќе го намалиме загадувањето. Со немањето на поголеми пунктови за изнајмување на велосипеди на сите поголеми станици на јавниот превоз, тешко ќе го намалиме загадувањето – вели Перински.
запрашан дали има визија за Скопје, со оглед дека претендира за кандидат за градоначалник на Скопје, Перински вели:
Не само визијата, мене ми е разработена до детаљ. Ќе ја соопштам во право време.