Песков: Навални може кога сака да се врати во Русија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека опозициски лидер Алексеј Навални, кој утрово узлезе од болница во Берлин, може да се врати кога сака во Русија.

– Доколку пациентот добро закрепнува, му ппосакуваме брзо заздравувцање. Што се однесува до неговото враќање во Москва, како и сите други државјани на Русија, и тој е слободен тоа да го направи кога сака, истакна Песков.

Тој додаде дена не е планиран никаков официјален состанок со Навални, освен во случај ако опозицискиот лидер има потреба да подели информации со руските служби за спороведување на законот.

Навални денеска излезе од берлинската болница „Шарите“, каде што се лекуваше откако, според германските власти, бил отруен од нервен агенс Новичок.

Во соопштението се наведува дека неговото здравје е подобрено, но дека последиците од труењето се уште не можат да се проценат.

На Навални му се слошило за време на летот од Сибир кон Москва, по што авионот принудно слетал во Омск, а на 20 август беше префрлен на лекување во Германија.

Back to top button
Close