Петгодишник во САД случајно го убил својот осумгодишен брат

Осумгодишник во американската држава Арканзас бил убиено од неговиот петгодишен брат, а локалните власти наведуваат дека пукањето било случајно, јавува „Си-Ен-Ен“.

„Ова е трагичен инцидент што можеше да се избегне. Не можеме доволно да нагласиме дека пушките треба да се чуваат безбедни и подалеку од дофат на деца“ – изјавил шерифот на округот Џеферсон, Лафајет Вудс Џуниор.

Тој подвлекува дека сопствениците кои не се грижат соодветно за своето оружје секогаш се само дел од секундата од ваква трагедија.

Пукањето се случило во семејна куќа во предградието на Пајн Блаф, град со 40.000 жители сместен на околу 70 километри јужно од главниот град на Арканзас – Литл Рок.

Истрагата се уште е во тек, а телото на момчето ќе биде пренесено на обдукција.

Минатата година се евидентирани најмалку 392 вакви настани, кои резултирале со 163 жртви и 248 повредени.

Back to top button
Close