Петгодишно девојче починало на Детската клиника

Петгодишно девојче од Скопје починало од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести, а засега нема информации дали и каде било лекувано претходно, објави „Сител“.

Од Клиниката информираат дека девојчето кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка. Најпрвин било лекувано на Одделот за неврологија, но минатата недела состојба му се влошила и го префрлиле на одделот за интензивна нега. Таму на девојчето му била направена и интубација, но, како што велат од Клиниката, и покрај сите напори на медицинскиот кадар, не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит и пред два починало.

Ова е трет смртен случај на дете на Клиниката за детски болести во изминатиот месец. За 14 месечното девојче од Грчец сè уште се води постапка за утврдување на евентуална лекарска одговорност, а за новороденчето од Струмица ДСЗИ не констатираше пропусти во лекувањето.

Од Инспекторатот информираат дека и за овој случај ќе извршат вонреден инспекциски надзор, по што ќе ја информираат јавноста.

Back to top button
Close