Петков: Подготвени сме дa ја преземеме одговорноста


Копретседателот на „Промените продолжуваат”, Кирил Петков, втората парламентарна партија во Народното собрание на Бугарија пшо бројот на пратеници – за НОВА коментираше дека тиое како партија се подготвени да ја преземат одговорноста за управувањето со земјата.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на Петков, пред „Промените продолжуваат” да го добие вториот мандат за формирање влада, тие ги донеле предлог-законите поврзани со усвојувањето на европскиот план за закрепнување. Тие испратија писма до сите парламентарни политички партии и денеска ќе испратат до Претседателскиот совет за да разговараат за ситуацијата во земјата. Доколку, смета Петков, претседателот на Бугарија следната недела и го додели мандатот на „Промените продолжуваат”, а Народното собрание нема време да ги усвои овие предлог-закони, додаде дека кога има волја, може да се најде и време. А доколку политичките партии во бугарското Народно собрание, кои имаат над 121 глас, кажат дека се согласуваат, веднаш ќе испратат писмо до претседателот на Бугарија да им даде време да гласаат за нив.

Тој не го потврди името на поранешната министерка за правда Надежда Јорданова од неговата поранешна влада како можен кандидат за премиер на Бугарија доколку „Промените продолжуваат” и „Демократска Бугарија” формираат малцинска влада.

Како што пишува весникот „24 Часа”, пратениците од партијата на Петков велат дека номинирањето на Јорданова на функцијата премиер на Бугарија би било гест од „Промените продолжуваат” кон нивниот помал коалициски партнер „Демократска Бугарија”. затоа што таа е нивни претставник.

Петков апелираше до лидерката на бугарските социјалисти, Корнелија Нинова, да го поддржи ветото на претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој го врати Изборниот законик со кој беа вратени хартиените гласачки ливчиња на прегласување во Народното собрание и повторно да работат заедно.

Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, Надежда Јорданова е познат софиски адвокат, а нејзината кариера почна како шеф на кабинет на Христо Иванов, кога тој беше министер за правда во втората влада на Бојко Борисов.

Back to top button
Close