Петковски: Местата на Алтернатива беа на СДСМ, ДУИ, БЕСА

Претседателот на НСДП, Тито Петковски по средбата на коалциските партнери во Владата,  изјави дека на Македонија не и се потребни вонредни парламентрани избори.

-Ако има избори, ќе влеземе во турбуленции, а реформите ќе бидат во застој и никој не гарантира дека потоа ќе имаме стабилна Влада. Мислам дека е добро што се зголемува парламентарното мнозинство за уште 4 пратеници“, изјави Петковски.

Вели дека сепак ќе остане една горичина дека Алтернатива барала премногу.

-Ако гледате низ призма што се нуди со зголемувањето на парламентарното мнозинсво и што бара Алтернатива, проценител ќе каже дека Алтернатива бара многу од СДСМ и коалицијата. Местата што ги бара Алтернатива досега биле покриени од други политички партии. Не станува збор за новоотворени места, туку за места кои ги имале СДСМ, ДУИ, БЕСА и ДПА. Не се измислуваат нови работни места. Тоа ќе го добиете како детално објаснување и од премиерот и од Алтернатива, рече Петковски.

Додаде дека како партија не бараат ништо и оти е најважно да се зголеми парламентарното мнозинство и Владата да има сигурна поддршкка.

Премиерот Зоран Заев имаше средба со коалиционите партнери, со цел да им образложи што е договорено со Алтернатива, за влез во Владата.

Back to top button
Close