Петровска: Не е изненадување што Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска смета дека не претставува изненадување кандидатурата на Фросина Ременски за претстојните претседателски избори во владеачката партија.

-Со оглед на тоа што СДСМ од минатиот пат го бира претседателот на непосредни избори, каде што право на кандидатура имаат сите кои ги исполнуваат условите. Секој што е член на СДСМ е добредојден да ја достави кандидатурата и секако да ја образложи пред членовите, рече Петровска во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Одговарајќи на новинарско прашање, Петровска рече дека таа не би се кандидирала за претседател, бидејќи како што кажа се уште било рано за тој чекор.

Back to top button
Close