Петровска: Тошковски ја контаминираше истрагата за Кочани

Трагедијата во Кочани точно е дека е резултат на системски пропусти, ама системот, колеги, има име и презиме или имиња и презимиња и тоа токму на денот на трагедијата. На денот на трагедијата вие министер лично и дел од раководството на Министерството за внатрешни работи покажавте дека не се водите по правото и по законите, туку по основ на брат, братучед, партиски другар и партиска наредба, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска при обраќање на собраниската седница, посветена на интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Петровска нагласи дека Тошковски, како искосен правник, долгогодишен адвокат ги познава законите, особено Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, но свесно на денот на трагедијата не посочи одговорност во Министерството за внатрешни работи.

– Напротив, ги заштитивте тие кои се прво повикани и кои во најмала рака го прекршиле ова што предмалку го прочитав, а го прочитав од закон, не од политички памфлет, не од партиско соопштение, туку од законот за полиција. Според вас полициски службеник кој е пензиониран пред две-три години е виновен за тоа што се случи во Кочани, ама актуелните началници, оние пред да ги разрешите тие не биле виновни. Не знаеле што им се случува на територијата на подрачјата за кои по закон се должни да знаат и истото да го спречат, нагласи Петровска.

– Еве со ова вие ја контаминиравте и ја попречивте истрагата и затоа меѓу другото се и нашите тврдења дека истрагата е селективна Исто како што дозволивте од денот на трагедијата до отприлика седум дена подоцна раководните полициски службеници од СВР Штип и полициска станица Кочани да продолжат да доаѓаат на работните места и со тоа им овозможивте да кријат докази, да преправаат записници, се во нивен интерес и во интерес на тие кои треба да ги заштитите. Под притисок исклучиво на експертската јавност тие беа променети. Е затоа денес семејствата на починатите, загинатите и повредените дојдоа во Скопје и затоа побараа средба не само со вас, побараа средба и со нас и со сите пратеници овдека во Собранието, затоа што меѓу другото ние сме нивни избраници, нагласи Петровска.

Според неа, „Состојбата во МВР е запрепастувачка и загрижувачка. Овој хаос што се случува низ улиците е резултат на непочитување на хиерархијата на двојните команди. кои се издаваат во Министерството за внатрешни работи, кои го прават ваши партиски структури и со тоа ја попречуваат работата во министерството“.

Таа нагласи дека високи полициски службеници кои во минатото биле наградувани, кои биле кои успешно воделе сериозни полициски операции без дисциплински постапки, спротивно на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, се деградирани и од началници на посебните полициски единици се направени инспектори за кражби, инспектори за сообраќај.

– Ги пуштивте на улица тие коишто до пред некоја година апсеа и работеа против криминалците. Може да ви е вас смешно, ама јас не сум виновна за селективната меморија колеги која ја имате. Постојат докази, постојат евиденции во Министерството за внатрешни работи кога кои полициски акции биле изведени. Ова ваше однесување дека светот почнува од вас е многу погубно за државата, ама и за вас самите. Ова што денеска го гледаме е всушност резултат на ваквото однесување, нагласи Петровска од собраниската говорница.

Back to top button
Close