Петрушевски: Со уставните измени се отвора пандорината кутија, а тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче
Со уставните измени се отвора пандорината кутија, а тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конфренција.

Капитулантскиот договор кој го потпиша власта на СДС кој е лош за Македонија а добар за Бугарија, е доказ за потчинетата дипломатија која ја водеа неуспешните и корумпирани политичари од минатата власт на СДС и ДУИ.
Првиот чекор се уставни измени, а потоа би следеле национални и идентитетски отстапки, редефинирање на историјата и негирање на јазикот.
Сето ова за Филипче е прифатливо без доза на размислување.
Поради своите криминали потпишуваа погубни државни договори, само за да останат ден повеќе на власт.
И додека над 80% од граѓаните даваат поддршка на меѓународната политика на ВМРО-ДПМНЕ, специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче промовира наредби од Радев кои се косат со македонските интереси.
Поради ваквото однесување, СДС уште повеќе ја губи поддршката од граѓаните. Народот веќе еднаш ги казни, сега ќе ги докрајчи.






