Пласидо Доминго обвинет за сексуална трговија со луѓе

Пласидо Доминго, икона на светската оперска сцена, во моментот е во фокусот на јавноста бидејќи, како што тврдат обвинителите, е поврзан со аргентинска криминална група која се занимава со сексуална трговија на луѓе. Полицијата минатата недела почнала да спроведува рации, а во нив биле уапсени 19 лица.

Обвинителите тврдат дека познатиот оперски пејач е дел од криминална група бидејќи постојат аудио снимки, објавени од различни телевизиски станици, на кои се слуша гласот на Пласидо како прави планови со другите членови на групата. Снимките се добиени со прислушување, а засега јавноста се уште не знае кога се снимени. Контекстот на снимките кои излегоа во јавноста не е познат.

Доминго неколкупати беше во центарот на вниманието поради сексуална злоупотреба. Од 2019 година, дури 20 девојки излегоа во јавноста со тужби против пејачот. По обвинувањата, прочуениот пејач се раздели со Метрополитен опера и поднесе оставка како генерален директор на ЛА Опера во Калифорнија.

Back to top button
Close