ПМФЛ: Македонија ЃП и Победа го отвораат третото коло

Со натпреварот попладнево од 17 часот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Победа ќе биде отворено третото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Дербито на колото се игра утре во истиот термин во Струмица каде Академија Пандев ја пречекува Шкендија.

На програмата в недела се уште три пресметки меѓу Силекс – Скопје, Струга – Работнички и Тиквеш – Брегалница.

По воведните две кола лидер на табелата е Струга со максимални шест бодови.

Back to top button
Close