ПМФЛ: Втор пораз на лидерот Струга ТЛ

Водечкиот тим на табелата во Првата македонска фудбалска лига , Струга Трим Лум попладнево загуби на гостувањето кај Победа во натпревар од 12. коло.

Поразот на стружани го искористија конкурентите за врвот Шкендија, Шкупи и Силекс.

Резултати:

Скопје – Шкендија 0:1

Победа – Струга 2:0

Работнички – Силекс 0:1

Шкупи – Тиквеш 4:2.

Вчера, Брегалница ја совлада Академија Пандев со 1:0.

Слободна во ова коло е екипата на Македонија ЃП.

Табела: Струга 25 бодови, Шкендија 22, Шкупи 21, Силекс 21, Тиквеш 16, Брегалница 15, Македонија ЃП 12, Победа 11, Работнички 11, Академија Пандев 8, Скопје 5

Back to top button
Close