По 8 мај ќе бидеме дел од владината коалиција, вели Биљал Касами

По 8 мај ќе бидеме дел од владината коалиција, порача денеска од Тетово носителот на листата во шестата изборна единица од коалицијата „Вреди“, Биљал Касами

Коалицијата „Вреди“ денеска во Тетово ја претстави својата изборна програма „План 2030“ во која една од главните точки е донесување нов Устав со кој Албанците би биле второ мнозинство во државата.

Во програмата се предвидува и забрана за коцкање и брзи заеми, ослободување на затвореници од монтирани случаи, слободни економски зони за печалбари и за млади, зголемување пензии, социјална помош и субвенции, а капиталните инвестиции да достигнат до 150 евра по жител

Back to top button
Close