По катастрофалниот земјотрес, МНР објави телефонски броеви за наши државјани во Турција

Засега нема информации дали во катастрофалниот земјотрес што утрово ја погоди југоисточна Турција има повредени наши граѓани, но од МНР велат дека веднаш стапиле во контакт со амбасадата на Северна Македонија во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул кои се во постојана комуникација со турските надлежни институции.

Дипломатско-конзуларните претставништва на земјава, велат од МНР, се на 24-часовно располагање за наши државјани за сите евентуални прашања.

Од МНР објавија и телефонски броеви за контат од амбасадата во Анкара, конзулатот во Истанбул и СОС телефонот во Скопје:

Анкара: +905394569710;

Истанбул +905456149777;

СОС телефон на МНР во Скопје: +38975273732.

Последните информации во врска со разорниот земјотрес што ги објавува турската новинска агенција Анадолија се дека загинале најмалку 284 лица, а 2 323 се повредени во вкупно 10 провинции. Урнати се и 1 710 згради.

Бројките за турските медиуми ги споделил потпретседателот на државата, Фаук Октрај.

Според турската Управа за справување со кризи и вонредни состојби (АФАД) земјотресот бил со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, се случил во 4:17 минути по локално време, а епицентарот бил во областа Пазарџик во јужната турска провинција Кахараманмарас.

Земјотресот бил со длабочина од 7 километри.

Покрај Пазарџик, земјотресот најмогу ги погоди и провинциите Газиантеп, Санлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис.

Земјотресот бил почувствувал и во соседните Либан и Сирија.

Back to top button
Close