ВИДЕО: По нападот на новинарот Салиу, извршителката удрила и полицаец – Јакимовска заврши во притвор, била агресивна за време на распитот

Полицијата вчера ја приведе извршителката Весна Јакимовска откако нападнала полициски службедник додека била на распит во полициската станица во Кичево за напад врз новинарот Фуркан Салиу и екипата на ПорталиХ.

Од МВР информираат дека Јакимовска го нападнала полицаецот и го уништила службениот материјал, откако синоќа пред полноќ била приведена од полицијата.

„На 21.03.2024 во 23.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода В.Ј.(60) од Скопје. Таа, претходно, на улицата „Трајче Стрезоски“ во Кичево физички го нападнала Ф.С.(33) од Скопје и ја оштетила неговата службена опрема, а потоа во службените простории на ОВР Кичево, каде била повикана на разговор, физички го нападнала полицискиот службеник и го уништила изготвениот службен материјал. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во полициското соопштение.

Јакимовска претходно во текот на денот физички го нападна новинарот Фуркан Салиу, нанесувајќи му видливи повреди, притоа уништувајќи и дел од опремата на ПорталиХ.

Погледнете го видеото од овој инцидент:

 

 

 

Back to top button
Close