По пандемијата, американските средношколци имаат помалку секс

Последните испитувања на јавноста во САД покажаа дека во првата година по завршувањето на корона-пандемијата, средношколците имаат поретки интимни односи.

Бројот средношколци кои се впуштаат во сексуални односи постепено се намалуваше и пред избивањето на пандемијата. Истражувањето кое се спроведува на секои две години покажало дека пред 30 години, половина од учениците тврделе дека имаат секс. Таа бројка во 2019 година изнесуваше 38 отсто. А, во 2021. е забележан најголем пад во ова истражување, оти само 30 отсто од средношколците имаат односи.

 

Според наводите, исто така, има помалку студенти кои одговориле дека биле во сексуална врска во мигот на истражувањето и помалку кои имале најмалку четири партнери дотогаш.

 

Стручњаците велат дека поголемата апстиненција настанала поради пандемијата, т.е. поради изолираноста дома на долги периоди и подолгото време под надзор на возрасните.

Во мигов е во тек овогодишното истражување, што треба да покаже дали падот е привремен.

Истражувањето покажа и дека бројот средношколци кои велат дека се „стрејт“ паднал од 89 отсто во 2015 година на 75 насто. Бројот на оние кои се декларираат како хомосексуалци или бисексуалци се зголемил од осум насто во 2015 година на 15 отсто.

Back to top button
Close