По  саможртвувањето на мајка и ќерка во Aлбанија започна истрага на сите верски секти

 

Само два дена по  пронаоѓањето на починатите мајка и ќерка во Тирана кои како членови на сектата Јеховини сведоци  починале поради саможртвување (одбивање да земаат  храна со цел да воскреснат0 албанските власти покренаса истрага против сите верски секти во земјата .

Како што соопшти албанското МВР и Јавното Обинитеството по оваа трагедија започнува истрага  на активноста на сите верски секти во земјата со цел да не се повторат слични настани.

Албанската полиција откри дека  мајката   ја чувала претходно почината керка Аниса цели 15 месеци во домот во населбата „Комбинати“. Таа претходно исто така се саможртвувала . Според првичните информации на полицијата мајката и двете ќерки на семеството Јосифи биле членови на сектата  и истите верувале дека најдобро е да се саможртвува за потоа да се воскрене .

Според албанскуте медиуми Жанета Јосифи (56)   која се саможртвуваше по саможртвувањето на малата  керка  Аниса Јосифи, порано била куќна помошничка во куќа на еден поранешен премиер на Албанија  и била една од главните активисти на Јеховините сведоци во Албанија .

Албанската новинска агенција „БалканВеб“ информираше дека трагедијата била откриена на 2 јули кога соседи на семејството Јосифи пријавиле дека нешто не е во ред со семејството Јосифи. Истиот извор додава дека полицијата влегла во станот преку прозорецот и жива била само големата ќерка на Жанета, Блерта, која била во тешка здраствена состојба. Притоа според детали од експертизата на лекарите по  судската медицина кои оцениле дека помладата почината ќерка ја чувале дома  една година и три месеци и мртвото тело  и било  одржувано со масло за јадење и оцет бидејќи сметале дека така ке воскресне .

Пред две години во Албанија беше регистрирано саможртвување на младо девојче – члекна на оваа секта Во Дебар последните  пет години, членови на оваа секта која делува во Албанија беа чести гости и преку разни пропагандни материјали  се обидуваа да привлечат  приврзаници. Во првата година според  извори на „Либертас“  успееја да зачленат во сектата неколку  жители на Дебар но потоа активноста им пропадна бидејки не најдоа истомисленици .

К.М

Back to top button
Close