Победниците на „Евровизија“ тргнуваат на турнеја низ Европа за да собираат пари за војската и добротворните организации во Украина
Оркестарот Калуш објави дека и победничкиот трофеј ќе биде ставен на аукција, а приходите ќе бидат наменети за поддршка на украинската армија
Украинските победници на „Евровизија“ најавија дека започнуваат турнеја низ Европа со цел да соберат пари за војската и добротворните организации во нивната земја.
Оркестарот Калуш изминатиот викенд победи на „Песна на Евровизија 2022“ и ова е трета победа на Украина на ова престижно натпреварување.
Фронтменот Олег Псјук изјави дека бендот ќе објави на Инстаграм каде ќе се одржи турнејата.
Тој додаде дека и победничкиот трофеј ќе биде ставен на аукција, а приходите ќе бидат наменети за поддршка на украинската армија.
Фронтменот на групата Псјук, објави дека директно од ова музичко натпреварување заминал на фронт.