Почина 13-годишно момче кое беше меѓу повредените во нападот со мачета во Лондон

Во болница во Лондон почина 13-годишно момче кое беше меѓу петтемина повредени кои изутрината беа нападнати од маж со мачета во источниот дел на градот.

Ова го соопшти полицијата која го уапсила напаѓачот и засега ја отфрли можноста да се работи за терористички чин.

Еден сведок изјави дека напаѓачот неколку пати и викал на полицијата: „Верувате ли во Господ?“.

Останатите четворица повредени од кои двајца полицајци, не се во животна опасност, а во болница останале само двајца.

Полицијата била повикана во североисточниот дел на Лондон околу 7:00 часот, каде граѓаните пријавиле напад и набрзо уапсила 36-годишен маж со мачета, кој очигледно дејствувал сам.

Британскиот премиерот Риши Сунак го осуди нападот.

Back to top button
Close