Почина командантот на украинскиот полк „Азов“ кој помина шест месеци под руско заробеништво

Почина Олег Мудрак – командантот на првиот баталјон на полкот „Азов” кој е дел од Националната гарда на Украина, објавија украинските медиуми, цитирајќи го внукот на командантот кој ја објави информацијата за неговата смрт преку објава на социјалните мрежи.

По неколкумесечното руско заробеништво, Мудрак беше ослободен заедно со четворица други команданти и стотина борци од полкот „Азов“ како дел од големата размена на затвореници

Командантот на полкот „Азов“ учествуваше во одбраната на челичарницата „Азовстал“ во Мариупол, пред да се предаде на руските сили во мај минатата година заедно со уште 2 000 други војници.

По неколкумесечното руско заробеништво, Мудрак беше ослободен заедно со четворица други команданти и стотина борци од полкот „Азов“ како дел од големата размена на затвореници.

Според украинските медиуми, смртта на Мудрак е последица на проблеми со срцето.

Веста за неговата смрт ја потврди и советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко, кој му оддаде чест преку објава на Твитер .

„Олег Мудрак, командант на првиот баталјон на Азов, го бранеше ‘Азовстал’. Потоа помина шест месеци под руско заробеништво. Денеска неговото срце престана да чука. Почивај во мир, хероју“пишува Герашченко во твитер-објавата.

Back to top button
Close