Почина Николче Здравески – фудбалската легенда на прилепска Победа

На 54-годишна возраст синоќа ненадејно почина Николче Здравески, поранешен фудбалер на Победа од Прилеп.

Здравески како фудбалер го предводеше прилепскиот клуб до првата шампионска титула, а потоа и како тренер со Победа ја освои втората титула.

Тој речиси цела кариера ја мина во Победа, кратко време беше тренер и на тимот на 11 Октомври, а како фудбалер играше и за Вардар.

Има два настапа и за македонската репрезентација

Back to top button
Close