По пад од кров загина поранешниот пратеник Миле Андонов од Кочани

Во 62. година од животот денеска во Кочани почина поранешниот пратеник Миле Андонов.

Тој починал по пад од покрив на неговата викендичка на Осоговските Планини.

„Во 18 часот од итната медицинска помош било пријавено дека на планината Осогово М.А. роден 1962 година од Кочани додека работел на кровот од викендицата, паднал и починал на лице место. Од страна на итната медицинска помош била констатирана смрт, известен е јавен обвинител“, се наведува во соопштението на МВР.

Во три мандати, во периодот од 2008 до 2016 година, Андонов беше дел од пратеничката група на СДСМ, членуваше во Буџетскиот совет на Собранието, а се наоѓаше и во составот на комисиите за економски прашања и за финансирање и буџет. Исто така, беше дел од собраниските пратенички групи за соработка со парламентите на Белгија, Чешка и Шпанија.

Како дипломиран економист, Андонов повеќе години водеше приватен бизнис во областа на текстилството.

Back to top button
Close