Почина поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор

Поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор почина денеска на 99-годишна возраст, соопшти неговата ќерка Мартин Обри.

-Почина утрово на сон во својот дом во Париз, изјавила Обри.

Делор беше осмиот претседател на Европската комисија и првиот човек на таа функција во три мандати, од 1985 до 1995 година. Претходно беше француски министер за финансии од 1981 до 1984 година.

Back to top button
Close