Почина спортскиот новинар Зоран Поповски

Денеска во Скопје на 54-годишна возраст ненадејно почина новинарот Зоран Поповски, кој беше дел од порталот Спорт Манија од првиот ден на формирањето.

Тој имаше повеќе од дводецениско новинарско искуство, работејќи за повеќе медиуми како А1, „Дневник“, „Македонски спорт“, „Спортмедиа“, „Република“, а од летото 2018 година беше во Спортманија.

Back to top button
Close