Почина Теофил Панчиќ
Почина Теофил Панчиќ (60), еден од најистакнатите новинари и писатели во земјите на поранешна Југославија, коментатор на политички и општествени настани, долгогодишен колумнист на неделникот Време, политички коментатор на Радио Слободна Европа и соработник со повеќе регионални и меѓународни медиуми.
Роден во 1965 година во Скопје, Панчиќ својата младост ја поминал во неколку градови на поранешна Југославија, меѓу кои и Загреб, каде што се школувал и ја започнал својата новинарска кариера. Подоцна се населил во Србија, прво во Белград, а потоа во Нови Сад и Земун, каде што живеел до крајот на животот.
Покрај новинарството, значаен придонес има и во литературата. Автор е на повеќе од 20 книги, претежно збирки есеи, меѓу кои се издвојуваат: „Урбани бушмани“, „Чувари на бенгалскиот оган“, „Лични знаци“ и краткиот роман „39 дена од јуни“.
Добитник е на бројни домашни и регионални награди како „Југ Грижељ“, „Витез позива“, „Срѓан Алексиќ“… Најголем дел од наградите што ги има добиено Теофил Панчиќ се за храброст, новинарска или човечка.
Панчиќ се залагаше за слобода на изразување и критички однос кон општествените настани, честопати спротивставени на националистичките наративи и популизмот.
-Заминувањето на нашиот колега, пријател и колумнист Теофил Панчиќ и пркоси на паролата дека нема незаменливи – пишува “Време”.