Почит за поранешната министерка Илинка Митрева!

Почитуваната Госпоѓа Илинка Митрева беше министерка за надворешни работи околу 6  месеци во 2001 година,а по изборите во 2002 година оваа функција ја вршеше цел мандат, односно од 2002 до 2006 година.Госпоѓа Митрева е  доктор на филолошките науки, универзитетски професор.Ја користам оваа пригода да нагласам дека имам мошне високо мислење за Министерката, која се одликува со  добро домашно воспитување, мошне висока политичка и општа култура  и достоинствено однесување, особини кои на овие простори се мошне дефицитарни!

Една корумпирана група моќници во Министерството за надворешни работи (МНР), готомци на комунистичката елита, го претворија Министерството во гранапче за остварување на нивните кариеристички и профитерски интереси!  За прием на работа во МНР и/ли за распоред во дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП)  кандидатите мораа богато да ги наградуваат/ моќниците кои одлучуваа за нивните барања.. Ќе бидеш примен на работа во МНР или ќе бидеш распореден во ДКП каде се добиваат високи девизни плати, но, за тоа треба да платиш толку и толку германски марки или процент од девизнта плата! Убеден сум дека министерката Митрева не само што не учествувала во ваквите валкани работи, туку  и не знаела дека МНР  е претворено во перилница на пари!   Во овој вносен  „бизнис“ подоцна се вклучија и некои политички моќници!  Еден „лајав“ дипломат отворено се фалеше дека на моќен политичар му дал толку и толку илјади германски марки за да биде именуван за амбасадор во една источна европска земја!

За време на вршењето на министерската функција, министерката Митрева не беше инволвирана во каква било криминална или коруптивна афера!  Откако согледа дека не може да влијае за подобрување на состојбите во државата министерката Митрева достоинствено се повлече од политичкиот и јавниот живот! Значајно би било да се напомни дека таа е ќерка на академикот Димитар Митрев, кој е литературен критичар, есеист и  теоретичар и кој во време на комунизмот не вршел какви било партиски или државни функции!

Во Државниот (од 1974 година Сојузен) секретаријат за надворешни работи  бев примен на јавен конкурс и работев од јули 1970 до мај 1992 година, односно до распаѓањето на Југославија. Службував во југословенските амбасади во Букурешт, Прага и Варшава.На повик на Владата на Република Македонија се пријавив за враќање во Македонија, меѓутоа,во македонското  МНР бев ужасно понижен,бев третиран како   приправник, без распоред, така што бев принуден, две години по враќањето од Белград, доброволно да си заминам од  Министерството. Државниот потсекретар во МНР кој не се прослави во југословенската дипломатија, но и покрај тоа беше инсталиран на оваа одговорна должност од пријателот на неговиот татко кој ја вршеше функцијата шеф на македонската држава! Државниот потсекретар имаше комплекс кон сите македонски кадри кои имаа поуспешни кариери од него во југословенската дипломатија и им се одмаздуваше! По парламентарните избори во 1998 година дојде до смена на власта. Новата власт ме именува за амбасадор во Полска, каде како југословенски дипломат ја  вршев должноста прв советник за политички работи во  Амбасадата на СФРЈ, популарно кажано заменик на Амбасадорот

Веднаш по именувањето за амбасадор, моќници од МНР, потомци на комунистичката елита, започнаа со опструкции кон мене. Со цел да ме бламираат и компромитираат  донеле одлука кадровски да ја зајакнат Амбасадата во Варшава со еден „советник“!? Вообичаена практика во демократските земји со  успешна дипломатија е сите работи, вклучително и за   кадровските решенија да се договараат  и усогласуваат со шефот на ДКП! Меѓутоа, мене воопшто не ме консултираа за „зајакнувањето“ на кадровскиот состав во Амбасадата! Веднаш ми стана јасно за што се работи и дека ќе се соочам со големи тешкотии во вршењето на амбасадорската должност!   Советникот пристигна во Варшава  околу три месеци по моето стапување на должност амбасадор. Разбрав дека советникот завршил Земјоделски факултет насока прехранбени производи. Уште на почетокот  почна да се однесува како тој да е именуван за амбасадор! Очигледно инструиран да ме компромитира и да ме оцрни започна до таблоидните македонски медиуми да праќа клеветнички написи против мене потпишани со лажен идентитет! Кога   видов дека не го бива за работа, престанав да го ангажирам! Тој тоа го искористи за отворена кампања против мене! Во Амбасадата доаѓаше околу 10 -11 часот и по испивањето на две-три  кафиња, заминуваше на средби со Македонци кои престојуваа во Полска, во полски институции и во странски амбасади во Варшава и ширеше дезинформации дека ќе бидам повлечен од функцијата амбасадор! За надминување на ваквата непроијатна ситуација инсистирав да го повлечат или него или мене!

Потсекретарот во МНР Ристо Никовски упорно инсистираше да се помириме, но јас не отстапив од  мојот став!. Потсекретарот бараше да дојдеме во Скопје на консултации. Кога пристигнав во Скопје се најавив во Кабинетот на  министерката Митрева со молба да ме прими, со напомена дека имам резервирано повратна авионска карта. На средбата Министерката беше крајно љубезна и ми постави само едно прашање  Кој го подржува советникот? Јас и кажав имињата на тројца моќници од МНР, но, таа се воздржа од какков било коментар.  По два дена се вратив во Варшава, додека  советникот го задржаа во Скопје околу три месеци и бараа за тоа време да му се исплати девизна плата! Подоцна разбрав дека потсекретарот имал намера и мене да ме задржи на „консултации“ во Скопје на неодредено време!? Очигледно  потсекретарот не полагал стручен, односно дипломатски испит во времето кога работеше  во југословенската дипломатија и со неговата  апсурдна идеја за консултации на неодредено време ќе влезе во дипломатската историја! Жртва на ваквата небулоза на потсекретарот беше македонската амбасадорка во Хаг, ако добро се сеќавам на нејзиното име, Добринка Тасковска, која беше повикана на консултации во Скопје каде беше задржана до крајот на нејзиниот мандат!? Со ваквата одлука потсекретарот се покажа како вистински дипломатски морон , бидејќи не  дозволил  амбасадорката да се врати во Хаг за .да направи проштални посети на холандските званичници и  на колегите од дипломатскиот кор!?

Во стилот на ординарен бирократ, потсекретарот решил советникот, по два-три месеци,сепак  да се врати во Варшава! По враќањето во Варшава тој продолжи да си тера по неговата позната агенда.  Подоцна  случајно дојдов до сознание дека вистински патрон на советникот е еден поранешен министер за надворешни работи, кој го примил во Министерството бидејќи нивните татковци биле големи пријатели/ Како министер даваше изјави дека МНР е најнеорганизирано министерство и дека тоа е во тотален распад, но не само што не направи ништо за подобрување на состојбите, туку со внесување на негови луѓе додатно ги влоши состојбите!  По 2-3 месеци сепак решија да го повлечат советникот од Варшава, но веднаш го распоредиле во македонската амбасада во Албанија. Со подршка на неговиот патрон советникот беше распоредуван во повеќе македонски амбасади (Талин,  Букурешт, Москва и тн.) додека други дипломати ниеднаш не биле распоредени во кое било македонско ДКП. Тоа упатува на  сомнежи дека  патронот на советникот  преку него пере пари,што во македонската дипломатија е позната работа!  Неодамна моќниот патрон  успеа својот миленик  да го протне  за  амбасадор во една голема азиска земја Подетално за проблемите што ми ги правеше фаворизираниот миленик на моќниот политичар во мојата книга Криво насадена дипломатија во која се содржани две книги од кои едната е посветена на мојата мисија као југословенски дипломат во Варшава, а втората книга  на мојата мисија како македонски амбасадор во Варшава!

Наа крајот би сакал да нагласам дека  надлежните македонски органи, за жал,  не ја подржаа кабдидатурата на министерката Митрева за претседател на Заседанието на Генералното собрание на ООН,  а ја подржаа кандидатурата на еден познат манипулатор, кој нанесе огромни штети на македонската држава!

 

Коста Стоименовски

Back to top button
Close