Почнаа протести низ Србија против ископ на литиум

Во Љиг почна протест против ископот на литиум во Србија, на кој толпата се противи бидејќи смета дека ќе ја загрози животната средина и здравјето на луѓето.

Дел од насобраните носат државни знамиња, додека активистката Љиљана Браловиќ потсети дека на српската влада и е даден рок до 10 август законски да го забрани ископот на литиум и бор во Србија.

Во своето обраќање пред толпата таа рече дека рокот до кабинетот на премиерот Милош Вучевиќ го дала Здружението на еколошки организации на Србија (СЕОС).

„Ако ова не се почитува, ќе почнеме да ги радикализираме протестите, блокадите…“, рече Браловиќ.

Со почеток во 19 часот најавени се протести во Краљево, Шабац, Аранѓеловац и други места во Србија, јави Бета

Back to top button
Close