Почнува судењето за монструозното убиство на малолетната Вања и велешанецот Панче –  ОЈО има стотици фајлови, снимки и материјали…

Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, заедно со Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, кои се товарат дека ги извршиле убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, седнуваат на обвинителна клупа. Судот ќе го одржи првото рочиште за планираното убиство на Ѓорчевска и Жежовски, за што, Обвинителството поднесе обвинение на 16 страници, од кои десет страници се таксативно наведени докази. Во случајот, обвинет е и Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, со тврдење на Обвинителството дека тој дал информации за траекторијата на движење на неговото дете и бил во контакт со Палевски.

Палевски, Кешишов, Манев и Видевски се гонат за две кривични дела и тоа: убиство и грабнување. Мозокот на операцијата, според Обвинителството, е Палевски. Таткото Ѓорчевски се гони само за кривично дело грабнување. Палевски досега негираше вина и најави дека има докази за тоа. „Скопје1“ објави детали и за исказот на неговиот сведок во Обвинителство. Видевски призна вина кога беше приведен, дал детали на записник, а потоа, кажал друга верзија за настанот. Непознато е како постапиле Кешишов и Манев, но и дали некој од нив на првото рочиште ќе признае вина.

Скопје1“ дојде до Обвинението. Во него се и доказите предложени од Обвинителството. Десетици записници, вештачења, искази, УСБ и ЦД уреди, одземени телефони, екстрахирани материјали, сигнали од базни станици. Обвинителството ја следело секоја траекторија на движење на лицата во критичниот односно кобниот период за убиените.

Повеќе

Back to top button
Close