Почнува судењето за терористички напади во Брисел во 2016 година

Во Брисел денеска почнува судењето на десетмината осомничени за нивната улога во исламистичките терористички напади во 2016 година, во кои загинаа 32 лица, а стотина беа повредени.

Бомбашите самоубијци на 22 март 2016 година ги нападнаа аеродромот и метро станицата, во време кога Европа веќе беше на крај од претходните напади.

Oсум осомничени се обвинети за терористичко убиство, обид за терористичко убиство и учество во активности на терористичка организација. Девет обвинети, само за учество во терористички активности, извести белгиската новинска агенција Белга.

На едно лице ќе му се суди во отсуство, а се претпоставува дека загинало во Сирија.

Најистакнат обвинет е Салах Абдеслам, кој, минатиот јуни веќе беше осуден на доживотен затвор, поради вмешаност во нападите во Париз, во ноември 2015 година. Тој исто така беше осуден и на 20 години затвор во посебно судење, поради пукање во полицијата, непосредно пред да биде фатен во 2016 година.

Судењето ќе се одржи во поранешното седиште на НАТО, за да има доволно простор за повеќе од 900 обвинители и меѓународни медиуми.

Судењето започнува со припремно рочиште, на кое службено ќе се потврдат сведоците. Обвинетите не се должни да дојдат на ова судско рочиште.

Продолжението на судењето е закажано за 10 октомври. Тогаш ќе бидат објавени членовите на поротата, пред почетокот на расправата, закажана за 13 октомври

Back to top button
Close