Поддржувачите на Асад убиле 16 припадници на безбедносните сили во Сирија

Најмалку 16 членови на сириските безбедносни сили денеска се убиени од приврзаници на поранешниот претседател Башар ал Асад во крајбрежниот регион Латакија, северозападна Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Бројот на загинати „по нападите и заседите извршени од вооружени луѓе лојални на Асад во градот Џабле и неговата околина се искачи на 16“, се вели во соопштението на Опсерваторијата, според која првично билансот на загинатите изнесуваше седум.

Опсерваторијата, која е невладина организација со голема мрежа на извори низ Сирија, додаде дека ова се „најжестоките напади врз новите власти од падот на Асад“.

Коалицијата на бунтовничките фракции предводена од радикалната исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам го собори сирискиот претседател на 8 декември, ставајќи крај на половина век владеење на семејството Асад

Back to top button
Close