Подгответе се за прекини на струјата оваа зима,им порача владата на Шведска на граѓаните

Шведската Влада денеска ги предупреди домаќинствата и деловните субјекти да се подготват за можни прекини на струја оваа зима поради исклучување на нуклеарните реактори, студеното време и недостигот на енергија во Европа, откако Русија го прекина снабдувањето со гас.

Ризикот од исклучување е реален и Швеѓаните мора да се подготват за тоа, нагласи министерот за цивилна одбрана Карл-Оскар Болин на прес-конференција. – Шведска никогаш претходно не била во ваква ситуација, додаде тој.

Шведската Влада претходно овој месец ги повика луѓето да трошат помалку ел ктрична енергија.

Плановите за вонредни состојби мора да ја имаат предвид можноста за кратки, но и долги прекини во снабдувањето со електрична енергија кога струјата нема да се обнови според планираното, рече министерот.

Официјалните препораки вклучуваат радио и светилки на батерии, флаширана вода и храна што лесно се приготвува.

Во случај на прекин на струја, домаќинствата треба да одредат просторија во која ќе престојува семејството за да се зачува топлината, рече министерот. – Подобро е да се биде подготвен отколку не. Ова не е обид да се создаде паника, потенцира Болин.

Шведската комунална компанија Vattenfall на 2 декември соопшти дека го одложила стартувањето на својот нуклеарен реактор Рингхалс 4 до 23 февруари.

Шведската Влада минатата недела објави дека побарала од националниот оператор на електричната мрежа во земјата и енергетскиот регулатор да ја интензивираат својата работа за зајакнување на безбедноста на снабдувањето со електрична енергија и на краток и на долг рок.

Back to top button
Close