Покрај советникот уште двајца од бифето кои му носеле кафе на Чулев заразени со корона

Двајца вработени во бифето во министерската зграда во МВР, во која има околу 200 вработени, се позитивни на коронавирус, пренесува СДК. Овие лица влегувале во сите канцеларии каде требало да носат кафе, сок, вода, а го служеле и министерот Наќе Чулев, но никој не е во изолација.

„Ние се организираме сами да се тестираме, зашто никој од раководството на МВР не реагира. Раководството не повика на самоизолација, а сите сме биле во непосреден контакт со вработените од бифето барем по еднаш дневно секој ден“, револтирани се луѓето со кои разговаравме, со канцеларии во министерската зграда.

Бифето било веднаш до советникот на министерот Чулев, Мухамед Исмаили, за кого тој веќе потврди на Фејсбук дека е позитивен на КОВИД-19. Тогаш Чулев пиша дека Исмаили не доаѓал на работа и оти последен пат бил виден на 24 мај. Но, некои од вработените тврдат дека тој бил виден на 3 јуни, кога присуствувал на состанок во зградата за последната хеликоптерска несреќа.

Вработени во зградата велат дека се оставени сами на себе да прават епидемиолошки анкети дали келнерите се заразиле од Исмаили, со кого уште бил тој во контакт, да прават алгоритам за пренесување на заразата од советникот на Чулев и од келнерите, да се организираат сами да се тестираат на свој трошок. Велат дека се многу револтирани што министерот не повикал епидемиолози, ниту пак на самоизолација.

Либертас уште пред три дена до кабинетот на министерот Чулев преку меил побара официјален одговор за заразениот советник на министерот Чулев, поточно постави прашање дали советникот Исмаили бил на работен состанок во салата за состаноци на 3 овој месец со уште десетина други колеги и состанокот траел од 12 и 30 напладне до 14 часот. На овој состанок бил покрај заразениот советник и друг со кој министерот Чулев во наредните денови одел заедно на настан. Прашањето до министерот Чулев беше едноставно,што е вистина,тоа што Чулев на фб напиша дека заразениот со ковид Исмаили последен пат на работа бил на 24 мај или се точни информациите дека истиот бил на работен состанок во МВР на 3 ти овој месец. Одговор вообичаено за министерот Чулев се уште не сме добиле.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close