Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 15:05 часот, го лишиле од слобода 82-годишниот Т.Б. од село во велешко, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 78-годишна сопруга.

Како што информираат од СВР Велес, физичките напади се случувале во подолг временски период.
За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјална работа. По целосното документирање на случајот против Т.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава