Полицијата ја отстрани блокадата, камиони на „комуналец“ излегоа на терен

По реакција на полицијата, седум камиони на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ излегоа да го чистат ѓубрето низ Скопје.

Вработените кои протестираат во дворот на претпријатието не дозоволуваа камионите да излезат, лежеа на земја и се буткаа со полицајците.

Началникот на полицијата прво ги убедуваше вработените да се тргнат и да направат пат, но тие не го слушаа. Потоа, им рече дека секој што ќе попречи полицаец во обезбедувањето на камионите ќе биде приведен.

Иако дојде до буткање меѓу вработените и полицијата, сепак, беше избегнат поголем инцидент, а патот беше пробиен и камионите излегоа.

Во претпријатието беше и директорката Косана Мазнева, која бараше вработените да влезат во камионите и да работат. Тие пак извикуваа „оставка“.

фото  фокус мк

Back to top button
Close