Полицијата во Бања Лука трага по десет Грузијци кои го извршиле рекордниот грабеж


Полициската управа во Бања Лука објави фотографии од лицата по кое трагаат во врска со грабежот на 1 милион евра во бањалучката населба Лауш.

Полицијата трага по десет сторители на ова кривично дело, од кои седум соучесници, а тројца директни сторители. Полицијата утврдила дека зад се стојат десет граѓани на Грузија.

Еден сторител, маж од Грузија, е уапсен и спроведен во Окружното јавно обвинителство, беше речено денеска на прес-конференцијата на полициската управа во Бања Лука.

Во вторникот бандити ја нападнаа и ја ограбија сопственичката на менувачница во градот.

Крадецот и пришол одзади додека била на прагот и и ги искинал торбите во кои наводно имало околу два милиони марки (1 милион евра) и побегнал.

Back to top button
Close