Полицијата во Белгија уапси осум лица во рамки на две истраги под сомнение дека планирале терористички напади

Полицијата во Белгија уапси осум лица во рамки на две истраги под сомнение дека планирале терористички напади.

Како што соопшти денеска федералното обвинителство, во оваа фаза не се утврдени потенцијалните цели.

Апсењата се одвивале синоќа во повеќе делови на Белгија, вклучително и во регионот на Брисел.

Според извори во правосудството, уапсени се „многу млади радикализирани лица“ од џихадистичкото движење.

Во двата случаи, кои се поврзани, се работи за планиран напад.

Белгија беше цел на терористички напад на 22 март 2016 година, кога во самоубиствен напад на аеродромот и метрото во Брисел загинаа 32 лица.

Back to top button
Close