Полицијата во Франција со солзавец ги растерува демонстрантите, тие фрлаат со камења

Француската полиција се обидува да ги растера демонстрантите во јужниот град Марсеј, каде што се распоредени дополнителни безбедносни сили. Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат групи полицајци во опрема за немири, некои носат штитови и се движат низ центарот на градот.

Како што јавува Би-Би-Си, полицијата употребила солзавец, додека демонстрантите фрлале камења.

 

Снимките кои кружат на Snapchat покажуваат дека продавачите на Rue Saint-Ferrol, една од главните трговски области во градот, ги покриваат своите излози со големи дрвени панели. Таа улица е на само седум минути пешачење од местото каде се случи конфликтот меѓу демонстрантите и полицијата.

Back to top button
Close