Видео-Полициска акција има на Клиниката за онкологија

На Клиниката за онкологија во универзитетскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје во тек е полициска акција.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА ја потврдуваат акцијата, но не  откриваат детали.

Најавуваат дека ќе споделат повеќе информации, во координација со Основното јавно обвинителство по завршување на акцијата.

По насоки на Основното јавно обвинителство Скопје, со обезбедена судска наредба, од страна на Министерството за внатрешни работи се преземаат дејствија во предистражна постапка за обезбедување докази кои ќе бидат предмет на анализи и вештачење со цел да се испитаат евентуални обележја на кривично дело, информираат од Јавното обвинителство, во однос на акцијата што се одвива на Клиниката за онкологија во универзитетскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје

Дел од медиумите објавија дека акцијата следува по објавата на информациите дека вработени во клиниката незаконски препродаваат лекови на пациенти.

 

Back to top button
Close