Политичарите на минатото да ги оставиме во минатото, вели Мицкоски за барањата на Села за приклучување во Владата

Ве молам, политичарите на минатото оставете ги во минатото. Ова беше кусиот коментар што го даде премиерот Христијан Мицкоски на прашањето дали за власта се прифатливи барањата што лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ги постави како услов за неговото евентуално приклучување во Владата.

 

 

Премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на првата сезона на „Плазма – Спортски игри за млади“/ Фото: МИА

„Ве молам, убав е денот, ве молам, оставете ги тие политичари“,

 

изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарски прашања по отворањето на првата сезона на „Плазма – Спортски игри за млади“.

На повторно прашање да ги прокоментира барањата на Села, премиерот повтори:

 

„Ама, убав е денот, тука немаме ни Бадентер ни Уставен суд, имаме преубава енергија. Оставете ги политичарите на минатото во минатото.“

 

Коментарот на Мицкоски следува откако пред неколку дена лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, реагираше на последната изјава на еден од челниците на ВЛЕН, Изет Меџити, кој рече дека постои можност Села да ѝ се приклучи на Владата и дека комуникацијата за ова прашање се одвива на повеќе нивоа.

 

Меџити: На Села му е подотворена вратата за влез во Владата, комуникацијата е во тек

На ова, Села порача дека во Владата не се влегува за да се земат министерски позиции, туку за да се реализираат ветените програмски точки. Тој рече дека секоја дискусија за вклучување во извршната власт мора да се базира на јасни политички услови, а во оваа смисла рече дека приоритет за Алијанса за Албанците остануваат уставните измени и имплементацијата на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд,

 

 

Back to top button
Close