Поништено барањето за регистрација на „Цар Фердинанд“ Ќе не искодошеле на Бугарија и на Грција, се заканија од здружението

Централниот регистар пред четири дена и официјално ги известил подносителите на барањето за регистрација на здружение „Цар Фердинанд“ дека барањето се прогласува за неподнесено.

Причина е тоа што во дадениот рок, подносителите не ги отстраниле недостатоците, односно не добиле одбрение за името од Советодавно тело за употреба на историски имиња.

Од бугарската фондација „Македонија“ која ги координира бугарските здруженија во Македонија најавија дека основачите и раководството на „Цар Фердинанд“ ќе поднесат жалба во законскиот рок, а судењето сигурно ќе стигне до Европскиот суд за човекови права и Македонија ќе биде осудена.

Ќе има здружение Цар Фердинанд, макар поминале 10 години. Вечерва ќе го известиме Министерството за надворешни работи на Република Бугарија и Амбасадата на Европската Унија во Скопје. Канцеларијата на нашиот адвокат, кој ја надгледува регистрацијата на здружението, е предмет на постојани проверки и закани од различни државни органи. На лесен или на потежок начин државата Северна Македонија ќе го признае правото на Бугарите во земјата да бидат државотворен народ!, велат од фондација „Македонија“.

Тие уште најавуваат дека ќе ја „кажат“ Македонија на Грција дека не го почитува Преспанскиот договор.

Со овој документ Централниот регистар не го почитува договорот од Преспа (со Грција), нарекувајќи ја земјата „Република Македонија“. Ќе испратиме сигнал и до грчката амбасада во Скопје.

Текст и фото: фокус.мк

Back to top button
Close