Германија планира големо засилување на својата одбрана од напади со дронови и од кибер напади

Германија планира да воведе обемен пакет мерки за зајакнување на одбраната од напади со беспилотни летала, кибер напади и други форми на саботажа од Русија, изјави денеска за Билд германскиот министер за одбрана Александер Добринт.
Според него, мобилните одбранбени капацитети на полицијата ќе бидат проширени за да вклучат брзо распоредливи единици против дронови стационирани во градовите за заштита на воздушниот простор над критичните транспортни центри и владини области.
Како дел од мерките, се предвидува компаниите што управуваат со клучни инфраструктури, како што се енергетските компании и производителите на одбранбена опрема, да добијат законско овластување не само да детектираат беспилотни летала, туку и активно да се справат со нив.
Исто така, ќе биде создаден национален одбранбен штит, или „кибер купола“ (Cyberdome), што ќе вклучува мрежа од сензори за откривање и пресретнување потенцијални кибернапади. Владата, исто така, планира да ги прошири технологиите за вештачка интелигенција, биометриското препознавање на лица и видео надзорот, како на пример на железничките станици, за да се идентификуваат лица – можни напаѓачи кои планираат саботажа.






