Попишани 1 619 857 граѓани, пописот завршува вo четврток

Вкупно 1 619 857 лица, 503 491 домаќинство и 711 695 стана се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле 198 589 граѓани од дијаспората.

Денеска е 23. ден од пописот 2021 кој почна на 5 септември, а до крајот (30 септември) остануваат уште три дена пописни активности.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во општините што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни ТУКА.

 

Back to top button
Close