Поради блокирани патишта од снегот, во транспорт на болно дете од Голо Брдо се вклучи албанската армија

Поради непроодни патишта во областа Голо Брдо, главно населена со Македонци, во транспорт на болно дете од селото Острени денеска се вклучи албанската армија.

-Оперативците од Третиот пешадиски баталјон на северниот полк успешно ја завршија операцијата за транспорт на болно дете од селото Острени до болницата во Булќиза, објави албанското Министерство за одбрана.

Според Министерството, детето најпрво било преземено со воено возило, по што од Требишки мост било прифатено од екипа на Брзата помош, по што било хоспитализирано во болница во Булќиза.

-Оваа оерација е пример за посветеноста и хуманоста на вооружените сили кои секогаш стојат покрај граѓаните во секоја вонредна ситуација, наведува Министерството.

Локалната телевизија Булќиза објави дека поради обилните снежни врнежи кои на одделни места достигнува и до еден метар, областа Голо Брдо е целосно отсечена два дена.

Денеска и наредните денови прекината е наставата во сите основни и средни училишта во оваа област.

Во вакви неповолни временски услови болни лица од областа, поради близината беа транспортирани во Општата болница со проширена дејност, која од хуман аспект секогаш помага.

Имало случаи кога амбулантно возило го преземаше болното лице од кај преминот Џепиште-Требиште, кое до тука го пренесуваа самите жители. Но, поради нерасчистен патен правец до преминот тоа денеска не било можно

Back to top button
Close