Поради дозвола за концерт интерпелација за словенечкиот министер за внатрешни работи

Поради дозвола да се одржи концерт на хрватскиот пејач Томпсон, опозицијата во Словенија ќе покрене интерпелација за првиот човек на полицијата Алеш Хојс.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, од Социјал-демократската партија (СД) сметаат дека дозволата да се одржи концерти на Томсон, за кој многумина сметаат дека текстовите во неговите песни се националистички е доволно да се побара одговорност од министерот.

– Одликата на министерот Хојс за жал се коси со вредностите која ги заговара нашата партија и поради тоа се решивме да поднесеме предлог за интерпелација, изјави Матјаж Хан од СД.

И другите опозициски парламентарни партии најавија дека ќе ја поддржат интерпелацијата.

Министерот Хојс кажа дека ќе прочита интерпелацијата кога ќе ја добија, а медиумите оценуваат дека неговата позиција е сигурна, бидејќи владината коалиција има мнозинство во Собранието.

Back to top button
Close