Поради кибер нападот, ТИМС системот повторно вон функција на граничните премини Горица и Ќафасан

 

Поради кибер нападот повторно се појавија проблеми со ТИМС системот во Албанија, овој пат главно на граничните премини во југоисточниот дел на земјата, на албанско – македонската граница.

На граничните премини Горица-Стење, кај Ресен и Ќафасан кај Струга, се работи со рачни регистри, а не со технолошки систем.

Според албанските медиуми на Ќафасан, кој е најфреквентен на границата со Северна Македонија, поради проблемите вработените се принудени да работат со рачни регистри, додека од вчера наутро рачно се работи и на преминот Горица.

– Исто така во различни периоди овој систем целосно блокиран е и на други гранични премини. Полицајците се должни во тие моменти да работат со регистри и рачно ги евидентираат патниците на влез и излез.

Од друга страна, двата внатрешни полициски системи, АДАМС и МЕМЕКС, каде со години се евидентираа главните податоци за криминалците, сè уште се вон функција на целата територија на државата.

Тие се блокирани од вечерта на 9 септември откако хакери финансирани од Иран го нападнаа и системот ТИМС на граничните премини.

Тоа беше втор кибер напад врз Албанија, по оној на 15 јули врз владините системи, кои останаа вон функција три недели.

Back to top button
Close