Поради можноста од укинување на визите за ЕУ: Нагло зголемен бројот на поднесени барања од руски граѓани во последниве недели


На неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ кон крајот на овој месец, треба да се разговара за забраната за туристички визи за руските граѓани
Финска во вторникот објави дека од следниот месец ќе го намали бројот на издадени визи за Русите за 90 отсто, а Литванија, Естонија и Летонија неодамна најавија ограничувања за туристичките визи за Русите
Откако некои европски земји објавија дека ќе ги укинат визите за руските граѓани поради инвазијата на Украина, многу жители таму побрзаа да добијат европски визи пред официјално да стапи на сила забраната. Оваа идеја беше иницирана од Финска и Естонија, а постапката набрзо ја поздравија и другите балтички земји.

Финска во вторникот објави дека од следниот месец ќе го намали бројот на издадени визи за Русите за 90 отсто, а Литванија, Естонија и Летонија неодамна најавија ограничувања за туристичките визи за Русите.

Ова е причина за нагло зголемување на бројот на барања за шенген визи поднесени од Руси во последните недели, пишува „Москва тајмс“.

„Загриженоста за можните ограничувања на ЕУ предизика бројот на барања за шенген визи поднесени од Русите да се удвои во изминатите две недели“,

вели Маја Ломиџе, шеф на руската асоцијација на тур-оператори.


Трите балистички држави и Финска, кои делат копнена граница со Русија, известија за зголемување на бројот на Руси кои ги користат нивните аеродроми за транзит кон ЕУ.

Чешка минатата недела соопшти дека ја поддржува идејата за забрана на туристички визи за Русите во цела ЕУ.
Комплициран процес
Дури и без целосна забрана, процесот на аплицирање за европски визи е веќе покомплициран за Русите отколку пред војната во Украина, велат експертите.

Главниот проблем е да се најде место за закажување виза во амбасадата, а подолгото време на чекање од вообичаеното е резултат и на дипломатските протерувања, поради што европските амбасади во Русија останаа без персонал.

Исто така и документите, авионските билети и потврдите за резервации подлежат на повнимателна контрола и во некои случаи барањето за виза може да биде одбиено.

Покрај тоа, голем број земји, вклучувајќи ги Швајцарија, Унгарија и Австрија, неодамна почнаа да издаваат шенген визи само колку што трае патувањето.

Околу четири милиони шенген визи им се издадени на Руси во 2019 година пред пандемијата, од кои 40 милиони се со странски пасоши.

Идејата за европска забрана за руски туристи предизвика жестока дебата откако украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа на почетокот на овој месец. Поддржувачите на Зеленски велат дека Русите мора да одговараат за постапките на нивната влада, додека противниците ја доведуваат во прашање валидноста на креирањето политики засновано на идејата за колективна одговорност.

Германија се изјасни дека нема да ја поддржи оваа идеја.
Критичарите на визната забрана за Русите предупредуваат дека тоа ќе погоди многу Руси кои се против војната, вклучително и опозициски активисти и новинари кои беа принудени да бегаат поради драконските закони за цензура и стравот од политички прогон.

Таков е случајот со рускиот новинар Јарослав Вареник кој изјави дека минатата недела му бил одбиен влез во Естонија и дека граничарите му ја укинале туристичката виза по двочасовно испрашување.

Засега, Русите сè уште можат да влезат во Европа со шенген виза, бидејќи шенген визата издадена од која било земја дава пристап до целиот блок.

На неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ кон крајот на овој месец, треба да се разговара за забраната за туристички визи за руските граѓани.

Back to top button
Close