Поради неповолни зимски услови откажани 120 летови од и до Франкфурт

Неповолните зимски услови се причина за откажување на 120 летови до и од аеродромот во Франкфурт од вкупно 1.090 планирани летови, јави ДПА.

Пистите на најголемиот германски аеродром треба да се исчистат, а видливоста е намалена, со што се ограничува капацитетот на аеродромот, изјави портпаролот на аеродромската управа.

Одмрзнувањето на крилата на авионите исто така трае подолго поради зимски услови.

Фото: Евгениј Шухман, Пекселс

Доцнења се пријавени и на аеродромот во Штутгарт во јужна Германија, каде крилата на авионите исто така морале да се одмрзнат пред полетувањето.

Досега се одложени седум летови. Пистата сега е исчистена и подготвена за употреба, според портпаролката на аеродромот.

Упатен е повик до патниците да го проверат распоредот на нивниот лет и доколку е потребно да остават повеќе време за превоз до аеродромите.

Back to top button
Close