Поради невремето во Албанија забрането испловувањето од Драч
Капетанијата во албанското пристаниште Драч објави дека во договор со италијанската страна, поради невремето и големите бранови, воведена е забрана за испловување од Драч кон Бари и обратно.
Силниот ветер во повеќе градови предизвика оштетување на покриви, има паднати дрвја, а во Тирана издадено е предупредување граѓаните да не излегуваат од своите домови без неопходна потреба.
Во делови во земјата, посебно во северниот дел има прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Во меѓувреме, регистриран е и мал земјотрес, со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на потресот е во Јадранско Море на длабочина од 15 километри.